Вучиќ ја критикуваше Русија што бара српски доброволци за „Вагнер“


 

Русија треба да престане да се обидува да регрутира Срби да се борат во руската платеничка група „Вагнер“ во Украина, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, цитиран од Ројтерс.

Тој ги критикуваше руските веб-сајтови и групите на социјалните мрежи за објавување реклами на српски јазик во кои приватната армија „Вагнер“ повикува доброволци да ѝ се придружат.

„Зошто вие од ‘Вагнер повикувате некого од Србија, кога знаете дека тоа е спротивно на нашите правила“, праша Вучиќ доцна во понеделникот во емисијата „Кирилица“ Миломир Мариќн а белградската Хепи ТВ.

Српските доброволци се бореа на страната на проруските сили во Украина во 2014 и 2015 година. Нивниот точен број не е познат, но набљудувачите велат дека десетици Срби се приклучиле на борбите во2014 година.

Српското законодавство им забранува на српските државјани да учествуваат во конфликти во странство, а досега за тоа се осудени неколку лица.

Вучиќ ги отфрли тврдењата дека групата „Вагнер“ на Евгениј Пригожин, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, има присуство во Србија.

Денес, руската новинска агенција РИА Новости објави видео снимка на која се гледаат двајца маскирани мажи за кои тврди дека се српски доброволци на полигон за обука во делот на украинската област Запорожје, контролиран од Русија.

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, исто така, ги предупреди Србите да не им се придружат на руските сили во војната против Украина.

„Ова ќе има казнени последици штом ќе стане возможно да одговараат од државните органи“, изјави Вучевиќ за Радио Слободна Европа.