Времето запира…..кога позира Никола Ристановски


Со својот маркантен изглед и поглед, нашиот најнаградуван актер во театарот и на филмот, Никола Ристановски, раскажува што значат секунда храброст, минута љубов и еден час надеж во кампања за швајцарски бренд на машки рачен часовник. Секој маж заслужува часовник со кој ќе се гордее. Дури и Ристановски.

Никола Ристановски со уште една награда во Белград – за улогата во „Уна“ во режија на Пројковски

Актерот кој приватно не се експонира, ама професијата тоа му налага, сега го гледаме во нова „улога“, досега непозната. Како јавна личност, која позира како своевиден бренд, со својата појава, став и поза, професионалност и точност е вистински репрезент на новата кампања, во која доловува моменти, без да каже ни збор. Зашто времето е скапо, а особено за него, кој денес, се буди во Скопје, утре во Белград, пред тоа во Венеција и во Калкута. Чудни се патиштата Господови…. (Л.С.)