Времето утре облачно, студено и ветровито


Фото: Б. Грданоски

Времето утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, во крајните јужни делови со слаби врнежи од дожд и снег. Потоа ќе следува период на стабилно време со умерен до засилен североисточен ветер.

Максималната температура утре ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Како што соопшти УХМР, во вторник ќе има зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Следните денови минималната температура ќе се движи од -10 до -2 степени, а максималната од 3 до 12 степени.