Времето денеска ќе биде тивко и со облаци
Времето денеска ќе биде облачно и тивко, попладне и во текот на ноќта со услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со караткотрајни сончеви периоди и услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд.