Вреди: Гаши се однесува според прописите
Имајќи го предвид неговата висока позиција и важноста од одржување на стандардите за безбедност и државен протокол, претседателот на Собранието, Африм Гаши, се однесува според прописите предвидени со закон и протоколот за безбедност, велат од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ околу информацијата дека спикерот со службено возило бил на свадба во Косово.
-Оваа одлука е во согласност со вообичаената практика за високи службеници, со цел да се обезбеди заштита и непречено извршување на неговите обврски. Всушност, обезбедувањето на претседателот на Собранието е должно да го следи секое негово движење. И во случајот со посетата во Косово, кој стана тема од некои опозициони настроени медиуми, нема никако нарушување на овие стандарди и тоа може да се провери од сите заинтересирани страни.
Имено, во отсуство на политичка агенда и стравувајќи за своето минато, некои опозициски партии се обидуваат преку искривување на вистината, да манипулираат со јавноста дека се работи за некое кршење на предвидените стандарди, стои во реакцијата.