Враништа конечно добива канализација
Заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа на отпочнувањето со изградба на канализационен систем за отпадни води во село струшкото село Враништа.
На настанот на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицковски, ресорниот министер истакна дека само рамномерен развој и опфат на сите можеме да направиме вистински зелен пресврт.
– Станува збор за инвестиција вредна 91.427.969 денари милиони денари, целосно финансирана од МЖСПП преку вториот повик од Унгарскиот кредит, со рок на реализација од 12 месеци, информира Хоџа.
Проектот, додаде, опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води.
– Реализацијата на овој проект значи трајно решавање на децениски проблем за жителите на Враништа, со што се намалува загадувањето и значително се подобруваат условите за живот и јавното здравје, додаде министерот за животна средина и просторно планирање.