Вработена во австралиска Зоолошка градина нападната од два лава


Во Зоолошка градина во Австралија, два лава нападнале жена која го чистела затворениот простор, нанесувајчи и сериозни гребаници на главата и вратот.

Вработената во зоолошката градина Шолхавен, во близина на Сиднеј, по нападот, веднаш била пренесена во болница.

Лекарите соопштија дека жената првично била во критична состојба, но успеале да ја стабилизираат нејзината состојба.

Од јавниот телевизиски оператор АБЦ истакнаа дека истата Зоолошка градина некогаш била сцена на напад на диво животно врз посетител. Во 2014 година, еден вработен бил влечен во езерото од скоро четириметарски крокодил пред околу 60 посетители.

Крокодилот само полесно го повреди човекот, а денешниот инцидент го истражува полицијата.

Поради пандемијата на новиот коронавирс, од 25 март Зоолошката градина е забранета за посетители. ки/