Возило падна во Вардар од мостот „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје


Во реката Вардар преку оградата на мостот „Мајка Тереза“ кај крстосницата на булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин во близина на „Веро Џамбо“ утрово излета возило.

Мостот „Мајка Тереза“ е мост преку реката Вардар што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во близина на МАНУ.

 

Како што соопштија од СВР Скопје, изутринава во 07.23 часот е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот „Мајка Тереза“ и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош.

Нема информации каква е состојбата на возачот и дали во автомобилот имало и други патници.