„Вози право, вози здраво“ ќе се заокружи со донација за детскиот велодром во паркот Сарај
Во рамките на настанот „Вози право, вози здраво“ што се одржа во неделата, над 8. 000 луѓе од сите возрасни групи ги преплавија улиците во центарот на Скопје, со велосипеди, ролерки, тротинети, а имаше и родители што ги донесоа своите деца во колички и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики.
Во годината кога Банката прославува 80 години од постоењето, осмото издание на традиционалната ревијална трка повторно на едно место ги собра сите љубители на еколошкиот превоз на тркала, како урбана форма на транспорт, која е економична, безбедна и не ја загадува животната средина.
Традиционално, и ова издание на „Вози право, вози здраво“ ќе го заокружи со донација за комплетирање на изградбата на СТБ детскиот велодром во паркот Сарај, како продолжение на сите досегашни активности поврзани со промоција на алтернативниот начин на превоз.
Во изминатите години, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон, ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack и донираше опрема за модерни паркинзи за велосипеди за 15 средни училишта во Скопје.