Возачи избегале откако удриле во пешак и велосипедист, пешакот почина
Во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје, со автомобил ббиле удрени пешак и велосипедист. Пешакот, подоцна починал во болница.
Имено, ноќеска, 55 минути по полноч, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.
Пешакот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им подлегнал на повредите. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Претходниот ден, во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од З.Т. од Скопје и го напуштило местото на незгодата.
Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.