Воспоставена соработка меѓу Министерството за одбрана и УГД
Министерството за одбрана и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип воспоставија соработка со која министерството му го додели на користење просторот во Домот на Армијата на Универзитетот.
Соработката, како што информираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е во насока на поддршка и обезбедување услови за образување на студентите според европски стандарди. Во оваа соработка се вклучија и партнери од Кралството Холандија, со донација на специјална опрема во вредност од 17.500 евра, за студентите од катедрата по современ танц при Универзитетот.
По тој повод, како што е најавено, денеска на прес-конференција ќе се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, амбасадорот на Кралството Холандија во земјава Дирк Јан Коп, деканот на Факултетот за филмска уметност при УГД Рисима Рисимкин и претставници од овој Универзитет.