Вонреден состанок на ОБСЕ поради Украина
Полска свикува вонреден состанок на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) поради честите гранатирања во Донбас, објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачински.
„На барање на претставништвото на Украина во ОБСЕ, ќе свикам вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ“, напиша Халачински на Твитер.
Тој ги покани специјалниот претставник на претседавачот со ОБСЕ во Украина, Мико Кинунен, како и шефот на специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, Јашар Халит Чевик, да учествуваат на средбата.
„Решавањето на безбедносните прашања е клучна задача на ОБСЕ“, додаде Халачински.