Волстрит може да изгуби 200.000 работни места поради вештачката интелигенција
Светските банки ќе укинат дури 200.000 работни места во следните три до пет години бидејќи вештачката интелигенција навлегува во задачите што моментално ги извршуваат луѓето, покажа истражувањето на Блумберг интелиџенс (БИ). Анкетираните професионалци за информатичка технологија посочија дека очекуваат нивната работна сила да порасне за околу 3% во просек, се вели во извештајот.
Томаш Ноцел, виш аналитичар во БИ, наведува дека најзагрозени ќе бидат вработените во сметководството, правните услуги, администрацијата и техничката поддршка. Работите за услуги на клиентите се исто така „ранливи“.
– Сите работи кои вклучуваат рутински, повторувачки задачи се изложени на ризик. Но, вештачката интелигенција нема целосно да ги елиминира, туку ќе доведе до трансформација на работната сила, рече тој.
Банките, кои со години ги модернизираа своите ИТ системи за да ги забрзаат процесите и да ги намалат трошоците во светлината на финансиската криза, сега имаат нова генерација алатки за вештачка интелигенција што може дополнително да ја подобри продуктивноста.
Истражувањето сугерира дека овие промени во индустријата би можеле да придонесат за подобрување на заработката. Во 2027 година, банките би можеле да забележат профит пред оданочување за 12 до 17% повисоки отколку што инаку би биле, бидејќи вештачката интелигенција овозможува зголемена продуктивност.