„Волстрит џурнал“: Колку е смртоносен новиот коронавирус?


Шест месеци по почетокот на пандемијата на новиот коронавирус, научниците се блиску да најдат одговор на едно од главните прашања за вирусот – Колку е смртоносен?

Истражувачите кои првично анализирале податоци за појава на кластери на бродови и неодамнешни студии со илјадници луѓе во жариштата, сега спроведуваат десетици студии за да се утврди бројот на смртни случаи од вирусот.

Тие студии, кои испитувале смртни случаи од вкупниот број заразени лица, вклучително и нерегистрирани случаи, покажале дека Ковид-19 „убил“ меѓу 0,3 отсто и 1,5 отсто од заразените. Повеќето студии индицираат дека стапката на смртност е помеѓу 0,5 отсто и 1,0 отсто, што значи дека за секои 1.000 заразени, во просек умираат меѓу пет и десет лица, пишува Волстрит Џурнал.

Ова докажува во оваа фаза дека новиот коронавирус е повеќе смртоносен од сезонскиот грип, но не толку смртоносен како еболата или другите заразни болести што се појавија во последните години. Сепак, коронавирусот убива повеќе луѓе отколку некои повеќе смртоносни заболувања, делумно заради поголема инфекциозност.

– Не само смртноста. Колку е заразна болеста и Ковид-19 е многу заразен, смета Ерик Тонер од Здравствениот центар Џонс Хопкинс. Според него, комбинацијата на стапка на смртност и инфекциозност го прави толку опасна болест.

Здравствените власти и научниците се обидуваат да ја утврдат смртноста на овој вирус за подобро да го разберат ризикот од заболување, пресметувајќи колку луѓе можат да умрат и какви мерки можат да се преземат за да се ограничи неговото ширење.

Тешко е да се измери, но истражувањата пронајдоа јасен сигнал, рече Тимоти Расел од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Студијата на Расел и неговите колеги објавена во февруари ги испитува податоците од Кина и жариштето на крузерот Дајмонд принцес. Откриле дека смртноста на коронавирусот е 0,6 отсто.

Повеќе од 14,7 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот и повеќе од 609.000 починале, со скоро околу една четвртина од жртвите се во САД, според универзитетот Џонс Хопкинс. Ова значи дека меѓу потврдените случаи ширум светот, стапката на морталитет е 4,2 проценти.

Овој процент на смртни случаи кај потврдените случаи е поголем од процентот на смртни случаи кај сите заразени, затоа што според научниците има многу поблаги случаи и асимптоматски, кои воопшто не се вклучени во статистиката.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД откриле дека зад секоја потврдена инфекција со коронавирус, има околу 10 други случаи кои не биле регистрирани на почетокот на мај.

За да добијат појасна слика за смртноста од овој вирус, научниците треба да го пронајдат точниот број на пропуштени или асимптоматски случаи, како и непотврдена смрт која е поврзана со коронавирусот.

Анализата на 26 различни студии откри дека смртноста во различни делови на светот била околу 0,68 отсто –  варира помеѓу 0,53 отсто и 0,82 отсто, се вели во студијата објавена во medRxiv во јули, која се уште не е разгледана од други истражувачи.

Од 10 јули, Центрите за контрола и превенција на болести во САД соопштија дека стапката на смртност е 0,65 отсто.

Смртноста е различна кај различни возрасни групи. За оние над 65 години, смртноста е 5,6 отсто  – 40 пати поголем ризик отколку за некој на возраст од околу 50 години.

Ако просечната смртност од коронавирус е околу 0,6 отсто, тоа би значело дека овој вирус е 6 пати повеќе смртоносен од сезонскиот грип (0,1 отсто). Болестите како што се ебола, САРС и МЕРС се многу посмртносни – помеѓу 10 отсто и 50 отсто.

Одделно, многу лекари се загрижени дека новиот коронавирусот може да предизвика долгорочни компликации кај некои пациенти, особено кај оние кои се лекуваат во болници со недели.