Војната брзо ќе заврши, тврди Демократски сојуз на Павле Трајанов


Фото: Б. Грданоски

 

Партијата Демократски сојуз на Павле Трајанов, која е дел од владејачката коалиција, денеска даде оценка дека војната на Блискиот Исток, (нападите на САД и Израел врз Иран) брзо ќе заврши. И бидејќи како што кажува аналитичкиот центар на партијата дека војната брзо ќе заврши, Демократски сојуз ги повика сите партии да покажат државничко однесување и да не создаваат непотребна паника и страв кај граѓаните. Бидејќи војната во Иран се користела за дневно-политички поени.

„Негативните рефлекси се присутни насекаде во светот, но преку медиумите и социјалните мрежи се предимензионираат и се создава нервоза и психоза на несигурност, при што на вакви состојби најчувствителни се пазарот и берзите, но и вештачки се нарушува и снабдувањето со енергенси“, вели ДС во соопштението.  И заклучува дека „многу брзо војната  ќе заврши и ќе почнат разговори и веруваме дека во светот ќе надвладее потребата од мир, како на Блискиот Исток така и во Украина“.