„Водовод“ се подготвува за невреме, се чистат шахтите низ Скопје
Јавното претпријатије Водовод и Канализација се подготвува за најавеното невреме и обилните поројни дождови наредните денови.

Од претпријатието известија за повеќе тековни теренски активности со цел нормална функционалност на атмосферската канализација на територија на град Скопје.