(Во живо) Засадување дрвја во Аеродром во рамки на Програмата за зелена економија за Западен Балкан
Во Рајски парк во општина Аеродром денеска ќе бидат засадени дрвја како придонес за чист воздух и зачувување на животната средина во рамки на Програмата за зелена економија за Западен Балкан (GEFF) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
За помалку од четири години, над 9.000 домаќинства од Западен Балкан инвестираа околу ЕУР 45 милиони во технологии на заштеда на енергија, благодарение на Програмата за зелена економија за Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility-WB GEFF). Успехот на Програмата се потпира на силната соработка помеѓу локалните партнерски финансиски институции на ЕБОР и локалните продавачи.
Програмата за зелена економија за Западен Балкан основана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), е ко-финансирана од Европска Унија, Австриското Федерално Министерство за финансии и билатералните донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework – WBIF). Ова е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme-REEP) за Западен Балкан која е имплементирана во партнерство со Секретаријатот на енергетската заедница.