(Видео) Свечено отворање на втората фабрика Кемет електроникс во ТИРЗ Скопје 1


Проследете го свеченото отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет електроникс“ во ТИРЗ Скопје 1 на која ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Кемет Електроникс“ работи на производство на електронски компоненти во земјава од 2012 година.
Од минатата година почна со изградба на нов објект заради проширување на производствените капацитети.