(Видео) Спектакуларно отворени Олимписките игри во Париз

Спортисти од 206 земји ќе продефилираат со чамци и бродовови на реката што минува низ центарот на градот, а меѓу нив ќе бидат и нашите олимпијци


Проследете го свеченотo отворање на Олимписките игри во Париз на кое се очекува невидена церемонија која наместо на стадион, како што беше вообичаено до сега, ќе се одржи на реката Сена.

Свечената програма започна во 19,30 часот, а спортисти од 206 земји ќе продефилираат со чамци и бродовови на реката што минува низ центарот на градот, а меѓу нив ќе бидат и нашите олимпијци.

На многу начини ова ќе бидат специјални игри, во олимпиското село на спортистите има едноставен мебел и кревети направени од картон, а поради растечките тензии во светот и зголемената опасност од терористички и сајбер напади, дури 75 илјада полицајци и војници се распоредени низ целиот Париз.

 

На истата тема:

Сѐ е подготвено за Олимписките игри: Кога почнува отворањето и кој ќе го носи македонското знаме