(Во живо) Протест на жители од Шуто Оризари пред Град Скопје
Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.
Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.
Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.
Проследете ги барањата на жителите на Шуто Оризари до Градот Скопје во врска со градскиот превоз: