(Во живо) Шилегов подаде рака до сите што мислат дека Скопје мора да се развива
Во 12-те кандидати за градоначалници на Скопје за првиот круг од локалните избори, актуелниот и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, виде слични развојни проекти, па им порачува на граѓаните да гласаат за него во вториот круг, за да го заври она што го почнал.
– Од денес, започнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје. Подавам рака на сите граѓани, политички партии и организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива и дека она што го почнавме, треба да го завршиме. Дека Скопје мора да остане град на граѓаните.
Шилегов верува дека граѓаните препознале позитивина промена, дека го вреднуваат вложениот труд.
– Скопје од град во целосна стагнација, за кратко време конечно тргна напред – рече Шилегов на денешната прес-конференција.
– Со обединување на сите демократски сили, Скопје ќе расте во единствена коалиција, коалиција со граѓани коишто ќе учествуваат во сите важни проекти преку системот на директна демократија – рече Шилегов, порачувајќи дека тој како градоначалник ќе биде само еден од нив во донесувањето на одлуките.
Сите оние кои во првиот круг решиле од било кои причини да не излезат на гласање, Шилегов ги повикува на 31 октомври масовно да излезат и да гласаат.
Проселедете ја прес-конференцијата на градоначалникот Петре Шилегов.