(Во живо) Прес – конференција на министерот за одбрана Владо Мисајловски за статусот на професионалните војници
Проследете ја прес – конференцијата на министерот за одбрана Владо Мисајловски на која присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и претставници на синдикалните здруженија во одбраната.
На прес конференцијата министерот Мисајловски информира за одлуката на Владата за спроведување на реформа во Армијата, со која трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време.