(Во живо) Прес-конференција на министерката Димитриеска Кочоска за ребалансот на Буџетот

Проследете ја прес-конференцијата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, кој денеска беше на владина седница.
Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата на седница ќе го разгледува ребалансот на Буџетот. Одговарајќи на новинарски прашања, каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс тој истакна дека ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.
-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии итн.итн. и здравство. Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.