(Во живо) Премиерот Спасовски на завршниот настан „Предизвик за млади истражувачи 3“
На завршниот настан „Предизвик за млади истражувачи 3“ во организација на Фондот за иновации и технолошки развој свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.
Фондот трета година по ред го организира „Предизвик за млади истражувачи“ чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод. До сега се поддржани 54 проекти во кој се вклучени над 500 ученици и професори. На настанот ќе бидат прогласени најуспешните проекти.
Согласно препораките за заштита од КОВИД-19, настанот ќе биде пренесуван во живо, директно од Медија центарот на Владата, на 12.06.2020 (петок) во 11 часот на официјалниот јутјуб канал на Влада на Република Северна Македонија и социјалните профили на Фондот за иновации и технолошки развој.