(Во живо) План за забрзан економски раст 2022-2026

Проследете ја прес-конференцијата на која премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими го претставуваат Планот за забрзан економски раст 2022-2026.
Согласно Планот, предвидени се нови начини за пристап до капитал за финансирање на забрзувањето на економскиот раст, преку проекти во јавниот и приватниот сектор. Целта е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, стапките на економски раст, како и постепено намалување на фискалниот дефицит, информира владината прес-служба.