(Видео) Изјави по средбата Ковачевски – Мицкоски


Проследете ги во живо изјавите по средбата на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Кoвачевски не одговори конкретно дали ги отфрла или прифаќа предлозите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој побара бришење на обврската за внесување на Бугарите во Уставот и се она што асоцира на Историската комисија и билатералниот протокол со Бугарија.

-Во однос на тезите кои беа поставени, тие не задираат во третманот на македонскиот јазик ниту идентитетот. Тоа е мултилатерален документ кој е усогласен. Во однос на уставните измени, сите парии имаа свои изјави во изминатиот период, други ги менуваат. Нашиот Устав предвидува дека граѓани кои се самоопределуваат на друг начин можат да се дел од Уставот. Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот, рече Ковачевски.

-Му предложив да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот, а потоа во преговарачката рамка каде имаме принципи врз кои се водат преговорите да ги избришат членовите каде се годишните прегледи и делот каде се повикуваат на протоколот на првата меѓувладина конфенреција. Нека ги избришат ако ова обезбедува европска иднина, Нека ги тргнат овие четири точки. Нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече Мицкоски и додаде дека на Ковачевски му нагласил дека овие два документи не се прифатливи за него и за ВМРО-ДПМНЕ, и му понудил да излезе и да го отфрли предлогот, а тој би го повлекол барањето за предвремени избори.