Во земјотресот во Албанија загинаа 50 луѓе, околу 2.000 се повредени
Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека во земјотресот кој неделава ја погоди неговата земја загинале вкупно 50 луѓе, а над 2.000 се повредени.
Рама информираше дека потрагата по преживеани во земјотресот официјално е завршена бидејќи се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.
Рама рече дека прелиминарните проценки покажуваат дека околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени.