Во Владата ќе биде потпишан договор за изградба на четири системи за наводнување


Фото: Б. Грданоски

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за избор на консултант за изградба на четири системи за наводнување.

Договорот ќе го потпишат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставник на консултантската компанија.

На настанот ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.