Во три одделни сообраќајки повредени повеќемина

Во три одделни сообраќајни незгоди што се случиле низ Македонија вчера, повредени се повеќе лица, кои завршиле во болница.
Имано, на локалниот пат Зрновци – Лески вчера околу 11 часот, трактор „имт-540“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(68) од село Зрновци излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Т.(63) од село Зрновци на која и е укажана лекарска помош во Јавна здравствена установа-Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.
На регионалениот пат Тетово-Јажинце во село Теарце, вчера во 15.30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А3“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(61) од село Глоѓи и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.З.(47) од Тетово во кое биле и тројца сопатници.
По незгодата сите учесници биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово, каде на сопатникот од патничкото моторно возило „голф“, Ќ.Б.(45) од село Џепиште му била констатирана тешка телесна повреда додека на останатите им биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Во 23.25 часот на улицата „Kемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „априлија РС-125“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(20) од Скопје и патничко моторно возило „ауди А-6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од Скопје. По незгодата А.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.