Во Тетово возеле 70 километри на час над дозволеното


Денеска во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово.Притоа, санкционирани се 60 возачи. Од нив, 45 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 18 со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.