Во Тексас замрзнаа турбините на ветер за производство на електрична енергија


Речиси половина од инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија од ветер во Тексас е исклучен поради замрзнатите турбини за ветер во Западен Тексас, соопштија операторите на мрежата во Тексас.

Ветерните електрани низ државата заедно генерираат 25.100 мегавати енергија. Но, невообичаено влажните зимски услови во Западен Тексас, предизвикани од смрзнатиот дожд изминатиот викенд и историски ниските температури, запреа многу од турбините на ветер.