Во тек е операција вината да му се префрли на Крешник Бектеши, вели Ивон Величковски

Поранешниот пратеник и поранешен претседател на Либералната партија, Иван Величковски, вели дека во тек била операција „да му ја префрлиме вината на Шиптарот (Крешник Бектеши)“, поддржан со операцијата „огномети во Скопје“.
Во подолга објава на Фејсбук Величковски прави своевидан анатомија и за она што се случувало пред трагедијата во Кочани. Па, пишува:
„Од моментот кога ‘Пулс’ станала ‘дискотека’ во 2012 до кобното неделно утро на 16 март:
– во МВР (министрите, преку началниците на полицијата и противпожарната заштита, под нивна надлежност),
– општината (и сега притворените градоначалници),
– МТ (министрите, преку началниците на подрачната единица назначени од нив),
– УЈП и ДПИ (нивните директори, преку подрачните раководители назначени од нив)…
… сите овие институции (на локално или национално ниво) потфрлиле во проверката (на исполнувањето на побаруваните стандарди за отворање и работење) на ‘дискотеката’“.
Тој зборува и за реулаторната гилотана која ја воведе владата на Никола Груевски и наведува дека одредбите од неа можат да бидат дел од вината за трагедијата.
„За ‘Пулс’ да добие лиценца, морало да добие мислења и дозволи по кои на крај добива лиценца од Министерството за економија, врз основа на мислењата и дозволите од органите на управата.
И морал да функционира во правниот и финансискиот промет од 2012 наваму – што значи да биде контролиран и инспектиран.
‘Прво, овој документ е фалсификат, лиценца нема. Правен документ објектот нема од пред повеќе од една година, овој документ е фалсификат. Дали ДПИ требало да излезе токму во оваа дискотека, тоа не го пишува никаде во законот…’, ќе изјави премиерот на прес-конференција по кочанската трагедија.
Дали од ова треба да заклучиме дека всушност еден од притворените, екс-министерот за економија Бектеши одговара за ‘лиценца’ што не постои? Некој го употребил неовластено неговиот потпис? Не е логично да се истражи кој го издал лажниот документ?
За илустрација: имате автомобил што подолго не го користите и ви стои во гаража. Некој ви го украл, вие не знаете за тоа и крадецот направил сообраќајка со вашето возило. Кој е виновен за сообраќајката, сопственикот на украденото возило или тој што го украл и управувал возилото? Според мене – вториот.
‘Регулаторната гилотиња од пред 17 години кога се смени Законот за угостителство го внесе хаосот при издавање на лиценци и контрола на минимално-техничките услови за работа на ноќен клуб, дискотека и кабаре. Можеби една добра заложба од 2008, тогаш јас бев пратеник, да се намалат процедурите, сега е, гледаме, целосно злоупотребена…’, ќе каже министерот за транспорт.
Конкретно е прашањето по чија иницијатива, односно во интерес на која финансиска групација – тогашната влада и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ составиле вакви законски измени во кои ноќниот живот однесе во смрт за шеесетина млади?
Во чиј интерес е направен закон со кој со непостапување по стандарди е создадена длабоката со која полицијата и инспекциите на локално и државно ниво кои станаа обезбедување со ‘значка’ за локалниот рекет, дилање дрога и проституција?
Со ова прашање се соочени и Тошковски и Мицкоски – и Ковачевски и Заев сосе Спасовски – и Јанкуловска и Груевски како нивни претходници. Оти овие законски измени се од – 2008.
Министри, премиери, пратеници, директори… – објектот бил пломбиран и фирмата што го раководи има блокирана сметка – а до неделата работеа, ‘правеа пари’ и посеаја смрт. Толериран од претходни функционери – но пред очи на актуелни раководители во МВР, УЈП, ДПИ…
Да заклучиме:
– Не минува обидот ‘да му ја префрлиме вината на Шиптарот’, поддржан со операцијата ‘огномети во Скопје’.
– Не минува ниту конструкцијата ‘правната празнина’ да биде алиби за полициските, даночните, пазарните… инспектори и општинските раководители“, вели Ивон Величковски.