Во судир помеѓу автобус и „поло“ настрадала млада жена – пешак


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во судир помеѓу „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско настрадал случаен минувач.

Несреќата се случила на бул.„Никола Карев“ во Скопје, каде пешакот, 26-годишната Е.Ф. од Скопје се здобила со тешки повреди кои и биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.