Во средата забележана рекордна потрошувачка на струја
Високите температури доведоа до енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија во земјава. Според податоците на ЕВН-Хоме во првите две недели од јули броилата се движеле побрзо како резултат на употребата на клима уреди за освежување на воздухот во затворените простории. Рекорд беше постигнат во средатакога за 24 часа беше надмината минатогодишната просечна потрошувачка од истиот период за 3.500 мегаватчасови. За измерените 17 денови од јули разликата е речиси 25.000 мегаватчасови повеќе за истиот период од една година претходно.
Инаку, од првиот ден на јули мерните уреди почнаа поскапо да ја пресметуваат струјата. За повеќето потрошувачи, сметките за домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0,4 отсто.
Зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија го преоптовари системот за напојување, што во многу случаи предизвикува и дефекти. Само во четврток во одредени периоди од денот без струја останаа неколку реони на главниот град, за што претходно информираше приватниот оператор.