В среда ќе се бираат новите министри


Ако пратениците се вратат во собраниските клупи, тоа ќе значи и поништување на изборните дејствија (Фото: Борис Грданоски)

В среда ќе почне седницата на парламентот за избор на новите министри во владата, на предлог на премиерот Зоран Заев. Владата, пак, во вторник ќе ја одржи последната седница во досегашниот состав.

Со оглед на тоа што не се сменети повеќе од една третина од министрите, според најавите, можно е  собраниската расправа за реконструкцијата да трае и повеќе од еден ден, доколку не се постигне договор таа да заврши ноќта во среда. Според најавите, за сите предлози за разрешување и за избор на нови министри ќе се гласа поединечно, затоа што не се повторува постапката за избор на влада, туку се прави реконструкција.

На дневниот ред на 103 собраниска седница, која почнува в среда засега се уште три точки.

За избор на министер треба да се обезбедат по најмалку 61 глас. Заев предложи нови министри во култура, локална самоуправа, земјоделство и во новото Министерство за политички систем. Тој најави дека во наредниот период лично ќе го предводи Министерството за финансии.