Во Србија 95 новозаразени, починаа двајца

 

Во последните 24 часа на корона вирус во Србија тестирани се 8.432 лица, од нив 95 биле позитивни, а починаа двајца пациенти.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори во болниците ширум Србија има 41 пациент.