Во сообраќајки повредени двајца пешаци

Вп две одделни сообраќајни незгди во Скопје и во Делчево, со автомобили се удрени двајца пешаци, а тие со повреди се пренесени во болница.
Во понеделникот, во2 7.40 часот на крстосница од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов” и улица 9-ти Мај”, М.С.(39) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “фолксваген” со скопски регистарски ознаки удрил во Л.К.(67) од Скопје. На Л.К. ѝ е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
Истиот ден, во 12.40 часот во Делчево на ул.„Методија Митевски Брицо“, патничко моторно возило „рено“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33) од с. Драмче, Делчевско удрило во Б.С. (71) од Делчево. Во незгодата Б.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клинички центар-Штип за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.