Во сообраќајката утрово на патот Струмица-Валандово загина едно лице


Едно лице загина во сообраќајнја несреќа на патот Струмица-Валандово, на излез од селото Костурино утрово во 06:40 часот, информираа од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобил „фиат” со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ”, исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино.

-На местото на настанот починал сопатникот на тракторот Т.Б.(54) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобил Г.Б. (51) од село Костурино, кој бил сопатник во полуприколката. Возилото „фиат” го напуштило местото на настанот. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица, стои во информацијата од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото „фиат”.