Во сообраќајка во Скопје повредени двајца и малолетник
Во неделата, во 23.10 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Коце Металец“, „Тајмишка“, „Гемиџиска“ и „Ферид Бајрам“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од М.Т.(50) од с.Волково, скопско, и патничко возило „ауди“, управувано од М.Л.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., додека со повреди се здобиле М.Л. и малолетен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.