Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
Во Собранието денеска ќе се одржи 127. пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања.
Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а прашања до премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.