Во Собранието денеска седница на три Комисии и две работни средби
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за финансирање и буџет, а ќе се одржи и работна средба на ИППГ за правата на ЛГБТИ лица.
На дневен ред на седницата на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, е утврдување и предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.
Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе продолжи со амандманска расправа по ребаланс на Буџетот.
Во Собранието денеска во рамки на средбата на ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата ќе расправа на тема „Пристап до социјални и здравствени услуги за ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија“.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе одржат работна средба со министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска.