Во Словенија од среда ковид-пропусници за децата
Самотестирање на учениците од основните и средните училишта во Словенија ќе почне во среда, а тестовите ќе се вршат во понеделник, среда и петок, а ќе се сметаат за ковид-пропусници.
Во одлуката на владата се вели дека родителите мора да потпишат согласност со која дозволуваат децата да се самотестираат во училиште, пренесе СТА.
Децата чии родители нема да дозволат тестирање во училиштата ќе преминат на онлајн настава, се наведува во одлуката на министерот за образование. Вакцинираните школски деца и оние кои прележале Ковид, немаат обврска да се тестираат.
Со самотестирањето на децата ќе се исполни правилото според кое за сите дополнителни активности мора да имаат доказ за вакцинација, прележан ковид или негативен тест, се вели во владината одлука.
Децата со песебни потреби, исто така, треба да се самотестираат, но дома.