Во Скопје најголема излезеност има во Карпош, во Шутка и Сарај најмалку се гласа


Фото: Б. Грданоски

Највисока излезеност во скопските општини за претседателските избори до 17 часот има во општина Карпош, каде гласале 43,51 процент од избирачите.

Од друга страна, најслабата излезеност на гласачките места е забележана во општините Шуто Оризари и Сарај, каде излезеноста е 16,98, односно 16,68 проценти.

Веднаш зад Карпош е Центар каде гласале 43,39 проценти од регистрираните избирачи, потоа следува Кисела Вода со 41,15 проценти, Аеродром со 41,05 проценти, Ѓорче Петров со 39,13 отсто, Гази Баба 36,75 отсто, Бутел 34,58 отсто и Чаир 24,55 отсто.