Во Скопје над 36 отсто од казнетите возеле побрзо од дозволеното, над 5 отсто без возачка дозвола

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции (или нешто повеќе од 36 отсто), а 11 (околу 5 отсто) за возење без возачка дозвола.
Од МВР соопштија дека се изречени четири санкции за користење мобилен телефон и 15 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Полицијата апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.