Во синоќешната несреќа кај Дабиле, повредена сопатничката


Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Струмица. 

– На 20.10.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(24) од Струмица и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“, Л.К.(31) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица, соопштија од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица. Патот Струмица – Ново Село, беше затвворен за сообраќај неколку часа.