Во Штип силниот ветер откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти


Откорнати дрва, паднати гранки, оштетени автомобили, ваква е сликата на терен во центарот на Штип денеска поради силниот ветер. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции.

Од ТППЕ Штип потенцираа дека имале четири интервенции на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај Четвртиот километар и една интервенција кај детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип.

-Денес екипите на ЈП „Исар“ со направена реорганизација интервенираа на повеќе од 15 локации на паднати дрјва предизвикано заради силниот ветер, вели Арсовски.

Во Штип ветровитото време ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Според исвестувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.