Во Шпанија почина втор пациент од мајмунски сипаници
Во Шпанија почина втор пациент од мајмунски сипаници, по претходно објавената смрт на заразен со вирусот. Двајцата починати се млади мажи, а се чекаат резултатите од обдукцијата. Според шпанските здравствени власти, 120 лица се лекуваат во болница од оваа болест.
Шпанија е една од најпогодените земји од бранот на ширење на мајмунски сипаници надвор од Африка, кој зафати повеќе од 18 илјади луѓе ширум светот.
Првиот смртен случај кај лице заразено со вирусот е забележан во четвртокот во Бразил, каде што пациентот имал уште едно тешко заболување.Со оглед на тоа што мајмуните сипаници продолжуваат да се шират во Европа, може да се очекуваат повеќе фатални случаи, изјави Кетрин Смолвуд од Европската канцеларија на Светската здравствена организација. Сепак, таа прецизира дека во повеќето случаи болеста поминува без посебен третман.
Минатата недела, Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба поради мајмунските сипаници.