Во сенката на допингот, Синер ја освои титулата на УС Опен


Њујорк – Првиот светски рекет Јаник Синер триумфираше на гренслем турнирот Ју Ес Опен, откако синоќа во финалето во Њујорк го совлада американскиот тенисер Тејлор Фриц со 6:3, 6:4, 7:5.

Италијанецот доминираше во првите два сета, а до конечниот триумф дојде со пресврт во третиот сет, во кој се врати од негатива од 3-5 во гемови.

За 23-годишниот Синер ова е втора гренслем титула во кариерата, но и во 2024 година, откако во јануари го освои Австралија Опен.

Од друга страна, 26-годишниот Фриц играше во своето прво гренслем финале во кариерата, а пред овој турнир никогаш не напредуваше подалеку од четвртфиналето. 

Италијанскиот тенисер имаше позитивни допинг тестови по Индијан Велс, но АТП ја префрли вината на неговиот физиотерапевт и му дозволи да се натпреварува во Њујорк. Таквата ситуација предизвика револт кај одредени тенисери.

Многумина сметаат дека Синер добил специјален третман во однос на тенисерите кои во минатото биле позитивни на допинг.

На оваа тема зборуваше Федерер кој смета дека Синер не требало да учествува на УСА Опен.

„Ја разбирам фрустрацијата кај тенисерите, Синер дефинитивно не требаше да има специјален третмант. Голем број тенисери веруваат дека не направил ништо лошо, но не требаше да игра на УС Опен затоа што сѐ уште не е 100% утврдено што се случило“, изјави Федерер.