Во руралните подрачја недостасуваат 52 лекари – ФЗОМ ќе го олеснува отворањето ординации


Фондот за здравствено осигурување, во соработка со Здружението на приватни лекари, го стави подобрувањето на условите за работа на матичните лекари во руралните подрачја.

Во таа насока, е зголемен надоместокот за овие лекари и е овозможено функционирање на ординациите со нецелосен тим. Исто така i капитацијата на матичните лекари се зголеми за
историски 33%, како чекор на засилување на примарната здравствена заштита.

Водени од принципот за еднаков пристап до здравствена заштита за сите осигурени лица, Фондот започна со активности за измена на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита. Целта на овие измени е да се создадат поволни услови за отворање и функционирање на ординации во руралните средини, со што ќе се поттикнат докторите да работат во овие подрачја и ќе се обезбеди поквалитетна и
подостапна здравствена заштита за жителите.

Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостасуваат 52.

Фондот има намера да спроведе измени на Правилникот ќе овозможат дополнителна либерализација на критериумите, отстранување на постојните пречки и олеснување на отворањето нови ординации во руралните средини каде што се најпотребни.

Во рамки на оваа иницијатива, Фондот ги повикува: матичните лекари кои веќе работат во рурални ординации; докторите заинтересирани да работат во рурални средини, но ограничени од моменталните услови во Правилникот; и жителите на руралните подрачја, да ги достават своите мислења, предлози и сугестии за измените на Правилникот.

Предлози може да се испратат до 1 ноември 2025 година на е-пошта: [email protected].

Сите пристигнати предлози ќе бидат внимателно разгледани од посебна комисија задолжена за подготовка на измените. Доколку се во согласност со законската регулатива, предлозите ќе бидат вградени во новиот Правилник или ќе послужат како основа на измени на законската
регулатива.