Во прилепската чаршија денеска почнува првиот „Prilep OUTLET Weekend“


Во Прилеп денеска и утре се одржува првиот „OUTLET Weekend“. Над 200 трговци од Прилепската чаршија се вклучија во овој настан кој е замислен како голем  „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на чаршијата, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм. 

Овој прв „OUTLET Weekend“ е во организација на општина Прилеп и на Прилепската чаршија.

Како што објаснуваат од локалната самоуправа, трговците на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот за купувачите да знаат каде да пазарат. Голем е интересот за купување од купувачите од целиот регион на Битола, Крушево, Долнени  Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци и пошироко во Македонија.

-На првиот „Prilep OUTLET Weekend“ на купувачите им се нуди шопинг забава и евтино купување на брендови.  Попустите, велат прилепските трговци, ќе бидат до 70 насто. Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм, објаснуваат од прилепската локална самоуправа.

„Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани  кои ќе бидта отворени од 8 до 19 часот, ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и  кафулињата, што ќе преставува посебно уживање за сите купувачи.

Прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.